fbpx

Костадинов: По години стагнација и сиромаштија економијата расте, над 26.000 нови работни места само во 2018 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ,
Скопје, 05.06.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Двете години откако одговорно пред граѓаните СДСМ ја предводи Владата, се пример за успешно, домаќинско и одговорно работење во интерес на економијата и граѓаните.

По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години економијата повторно расте и се развива, имаме вистинска, силна економија која создава шанса за сите.

Од минусното салдо од -,1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, обезбедивме раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година.

За две години влегоа 20 нови странски инвестиции, а во 2018 е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.

Само во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места од кои околу 1.000 во производствените погони на странските инвестиции.

Овој факт, како и активните мерки за вработување, придонесоа стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто за овие 2 години.

Индустриското производство повторно расте 2 години по ред. Во првиот квартал од оваа 2019 година растот е 8,8 отсо, а во 2018 тој изнесуваше 5,4 отсто.

Истовремено, го зголемивме и извозот. Според официјалните податоци, во 2018 извозот има раст за 16,8 % во споредба со 2017.

Ова се клуните показатели за одржливиот економски развој на државата и вистинскиот правец по којшто се движи. Патот на интеграциите и членството во ЕУ и НАТО носат носат бројни придобивки за економијата.

Создадовме силна економијата а парите ги враќаме назад, кај граѓаните

По зголемувањето на минималната плата ја отворивме спиралата на раст на платите. За две години просечната плата е поголема за 2.000 денари.

Продолжуваме одговорно. Како одговорна, државотворна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст и развој, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

Последни вести