fbpx

СДСМ се менува во интерес на граѓаните, отворен е повикот за самокандидирање за сите што сакаат да се вградат во промените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Скопје, 28.05.2019

Почитувани граѓани,

СДСМ суштински се менува во интерес на граѓаните и државата.

Демонстрираната одговорност пред граѓаните и донесените одлуки за промени се во функција на забрзување на напредокот на земјата, обезбедување подобри услови во општеството и подобар живот за сите наши граѓани.

Преку јавен, отворен повик, денеска започнува процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМ, откако со одлука на претседателот сите претседатели на општинските организации беа разешени.

Ги повикуваме сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите согласно правилникот за кандидирање и избор на претседател за општинска организација, да поднесат кандидатури.

Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб страната на партијата (линк) и во печатените медиуми.

Отворени сме за сите оние кои сакаат да се вградат во овие внатрешни и системски промени, оние кои уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивните средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик.

Ги охрабруваме претседателите на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите повторно да се кандидираат.

Почитувани граѓани,
СДСМ има огромен потенцијал. Да го впрегнеме заедно, целокупниот капацитет во интерес на граѓаните и иднината на државата, да им служиме уште подобро.

Последни вести