Изјава за медиуми, Горан Стојковиќ,член на ИО на ОО СДСМ Аеродром
Почитувани,
Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ кои една и пол година ништо не сработеа, сега сакаат да ѝ угодат на урбаната мафија.
На целосно нетранспарентен начин Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да донесат катастрофален Детален урбанистички план за населба Лисиче.
Со предлог ДУП ЈИ09 блок 9.1 на овој потег се предвидува изградба на неколку нови згради, затворање на постоечки и пробивање нови улици кои ќе минуваат низ дворовите на околните куќи и целосно ќе го нарушат безбедното живеење во овој дел од општината.
Тоа е истиот Муцунски кој лажни тврдеше дека избришал маркици и кој за време на кампањата ветуваше паркови. А сега запнал за згради.
Ние, како СДСМ заедно со граѓаните на Лисиче и советничката група ќе се спротивставиме на уништувањето на населбата.
Затоа, ги повикуваме сите засегнати граѓани денеска и утре да поднесат Анкетни листови со свои забелешки во просториите на ОУ „Димитар Македонски“.
Имаме шанса заедно да спречиме носење на катастрофален урбанистички план од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски.
Покрај ова, СДСМ ќе ги искористи и сите расположливи механизми за да ги заштити граѓаните и ваков штетен ДУП да не се донесе.
Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ не работат за граѓаните, туку за бизнис интереси на поединци.