fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема поддржано ниту една државничка одлука за земјата, ниту за НАТО ниту за ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ако се погледнат наназад одлуките кои што се носени во нашата држава, тогаш ќе видите дека ВМРО–ДПМНЕ нема учествувано во ниту една државотворна одлука за нашата земја, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање

-Членството во НАТО тие не го поддржа, меѓутоа ние станавме членка на НАТО. Договорот со Грција не го поддржаа, ние ги продолживме преговорите со ЕУ. Не го поддржаа ниту отпочнувањето на преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет и не гласаа за европскиот предлог. Не го поддржаа ниту договорот со Фронтекс, каде што за прв пат во историјата македонскиот јазик е на исто ниво со сите други јазици на ЕУ., рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека претседателот на опозицијата многу често ги менува своите ставови и не е релевантен.

-Прво, кажуваше на телевизија дека го поддржува договорот со Бугарија, со бугарскиот премиер во тоа време, тоа сите можевме да видиме. Потоа излезе да каже дека не го поддржува. Со премиерот Петков излезе да каже дека поддржува уставни измени, бидејќи тој имаше состанок со него. Потоа да излезе да каже дека не поддржува. Потоа да излезе да каже дека ако има уставни измени и ако барем еден негов пратеник гласа, ќе си даде оставка. Па пота им земаше на пратениците нотарски изјави дека немало да гласаат, за да после тоа да каже дека да, ние поддржуваме уставни измени ама по хрватски модел. И после 3 дена да каже, е сега нема да поддржуваме уставни измени, рече Ковачевски.

Последни вести