fbpx

Со изборот на нова Антикорупциска комисија создаваме услови за неселективна и вистинска борба против корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање,
Јован Митревски,координатор на пратеничка група
Скопје, 08.02.2019

 

Пратениците од СДСМ и коалицијата денеска во Собранието го поддржаа изборот на нов состав на Државната комисија за спречување корупција. За прв пат изборот се прави преку еден инклузивен и транспарентен процес.

Во обраќањето пред пратениците, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата рече дека се создадени сите услови за вистинска, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата, која со години наназад ги јадеше темелите на Македонија.

„Имавме сериозна задача да создадеме соодветна законска регулатива за борба против корупцијата во која се инкорпорирани препораките од Прибе, Извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија, како и Препораките на ГРЕКО. Преку инклизивен процес кој ги вклучи пратениците од мнозинската група, како и опозицијата, невладиниот сектор, експертите од оваа област, нашите пријатели од ЕУ успеавме да донесеме вистинско законско решение кое ќе биде основа за ефикасна борба против корупцијата“ -од пратеничката говорница изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески.

 

 

Последни вести