Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за претседател Срево Пендаровски имаше средба со жителите на Македонска Каменица.
Важно е за која политика ќе се одлучи народот, дали за политика која води напред, или за политика која не враќа во темното минато. Јасум убеден дека граѓаните сакаат напред.
„За десет години од режимот на претходната власт се иселија многу млади. Тие се грижеа само за нивните партиски членови и за фамилијата. За нас сите граѓани се еднакви. Нашата цел е да ја донесеме Европа тука, а не младите да ни бегаат во Европа. Јас нудам иднина за младите, напредок, просперитет, членство во ЕУ и НАТО.“, рече Пендаровски.
Со добивањето на датум за почеток на преговорите, веднаш се отвораат широки перспективи. Се отвораат, рече Пендаровски фондови за развој на младите, за земјоделството и инфраструктурата. Другата опција, посочи Пендаровски, нема план, освен да уништат се што е добро за граѓаните и да не вратат назад.
Тој побара поддршка на изборите на 21 април и на 5 мај за да се продолжи со развојот и да се обезбеди иднината. Вети дека тој како претседател нема да дозволи селективна правда. Законот ќе важи за сите, а тој ќе биде претседателот на сите граѓани.