fbpx

Мицкоски да ги среди ставовите и да каже што одлучил, ЕУ или Левица?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секогаш кога државата е во период на решавање на сериозни прашања и продолжување на европскиот пат, Христијан Мицкоски ги менува своите ставови на дневна основа.

Така е со гласот за Европа во македонското собрание кој е потребен за да ја реализираме целат – членство во ЕУ до 2030 година.

Најпрво на средба со поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, на бугарски јазик рече дека го „поткрепа Договорот“, за потоа да каже дека не го поддржува.

Истото се случи и со премиерот Петков, дека ВМРO-ДПМНЕ нема против внесување на Бугарите во уставот за веднаш потоа да кажат дека се против.

Мицкоски велеше дека доколку еден негов пратеник гласа во Собранието, ќе даде оставка, па потоа и таа изјава ја промени.

Им земаше на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нотарски изјави дека нема да гласаат за уставни измени за потоа да рече: ‘да, поддржуваме уставни измени по хрватски модел’.

Ниту три дена не издржа оваа изјава на Мицкоски, по три дена се предомисли рече дека не важи кажаното.

Прво беше против, па беше за, бараше хрватски модел, па потоа измисли редефинирање на државата.

Секој ден различна изјава, Мицкоски нема јасен, прецизен и конзистентен став.

Наместо секој ден да дава различни изјави, Мицкоски да ги среди ставовите, да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или е за Левица?

Последни вести