fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Аеродром и Зелениково: Одговорноста за европската иднина на државата е на сите 120 пратеници во Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска меѓу граѓаните на општина Аеродром беа Оливер Спасовски и Мелиса Ц.Серафимовска, а средби со граѓаните на Зелениково оствари портпаролката Богданка Кузевска.

Спасовски пред граѓаните на Аеродром истакна дека СДСМ има направено најмногу за исполнување на стратешките цели на државата, со државнички и одговорни политики ја внесе земјата во полноправно членство во НАТО, ги започнаа преговорите со ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет.

Сега во македонското Собрание е моментот за одлука, да се продолжи по европскиот пат, до целосна интеграција во ЕУ, како држава и како народ имаме историска шанса која што треба да ја зграпчиме, рече Спасовски, додавајќи дека сите политички субјекти имаат обврска и одговорност да се приклучат на процесот што ја обезбедува нашата европска иднина.

Се наоѓаме на крстосница меѓу интеграција и изолација. Пораките ЕУ и нашиот стратешки партнер САД се јасни и недвосмислени, треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување, сега е моментот кога треба да ги донесеме потребните одлуки за европска иднина на државата, за иднината на државата, за сегашните и за идните генерации, порача Спасовски.

Членката на ИО на СДСМ Мелиса Ц.Серафимовска се осврна на придобивките од евроинтеграциите за државата и за граѓаните.

Со евроинтеграциите, европските вредности ни доаѓаат дома, се отовраат толку посакуваните можности за сите граѓани, пред се за младите, со рамноправен пристап до европските универзитети, до подобри работни места и повисоки плати, за компаниите и земјоделците пристап до најголемиот пазар, сигурност и предвидливост за државата и граѓаните, европските можности ни се на дофат, предолго чекавме, сега е време за дејствување, рече Серафимовска.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во Зелениково истакна дека одговорност за европската иднина на државата е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата иднина е Европска, тоа е наша стратешка цел, повеќе од 30 години, но сега имаме ветер во грбот за реализација, имаме јасна и силна поддршка од ЕУ и од САД, преговорите се почнати, скринигот се одвива одлично, истакна Кузеска, додавајќи дека сега за прв пат во историјата блокадите и опструкциите доаѓаат одвнатре, од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Јавноста чека одговор од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што одлучил, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во антиевропски блок, дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник, азилантот Никола Груевски кој 11 години го одолговлекуваше и го блокираше патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, порача Кузеска.

Последни вести