fbpx

Изборот е интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да го продолжиме европскиот пат, да оствариме уште еден национален интерес.

Имаме силна поддршка од ЕУ и од САД којашто треба да ја искористиме. Преговорите со ЕУ течат, скрининг процесот се спроведува успешно и наскоро ќе заврши.

Со глас за Европа во македонското Собрание можеме да продолжиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас.

Изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција.

Интеграција во ЕУ за подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст и развој на секое поле.

Затоа и граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ.

Пратениците, политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска и одговорност пред граѓаните и пред иднината на државата.

Европскиот предлог за преговарачката рамка е најдобриот договор со ЕУ, подобар договор нема да има.

Тоа не е ултиматум тоа е реалност. И тоа го кажуваат сите наши стратешки партнери.

ВМРО-ДПМНЕ не може да обезбеди подобар договор, тоа е лага, токму тие ја држеа земјата 11 години во изолација.

А видоа грѓаните што значи изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава, без напредок и без перспектива.

Грешките кои 11 години се таложеа скапо ја чинеа и земјата и граѓаните.

Нашите граѓани, нашите млади немаат нови 11 години за губење.

Христијан Мицкоски се уште има можност да реши: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе остане во заложништво на Левица.

Веќе следната недела ќе знаеме, дали Мицкоски ќе биде дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица.

Последни вести