Изјава за медиуми,
Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на Република Македонија
Скопје, 29.10.2017
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
На почетокот дозволете ми да го изразам задоволството од честа што во името на коалицијата како што ја нарековме со граѓаните, која беше формирана за време на предвремените парламентарни избори и која продолжи на локалните избори, го имав задоволството на граѓаните да соопштам дека граѓаните ни ја дадоа повторно довербата за овој концепт.
Граѓаните гласаа фер и демократски и ги заокружија промените низ цела Македонија. Според првичните резултати, кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат извесна победа во следиве општини: Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип.
За кратко на екраните ќе се појават резултатите коишто ќе можете да ги следите во живо.