fbpx

Шилегов: Преземаме обврска да работиме во интерес на сите граѓани, одговорно, транспарентно и отчетно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, новоизбран градоначалник на Град Скопје
Скопје, 25.10.2017

Благодарност до граѓаните на Скопје кои што со нивната масовна поддршка, овозможија да се заокружат промените и во градот Скопје. Укажаната доверба станува обврска за нас, да работиме одговорно, транспарентно, домаќински и пред се во интерес на сите граѓани на градот Скопје. После долги години успеавме Скопје да го вратиме на граѓаните. Скопје повторно ќе биде град на хуманоста, град на солидарноста.

Македонија конечно доби главен град, кој што ќе ги поврзува граѓаните и кој што ќе работи за нив. Новата градска администрација што ќе ја предводам, ќе го продолжи принципот на одговорност, инклузивност и отчетност, што го воспостави владата предводена од СДСМ.

Ќе работиме во интерес на сите граѓани, без разлика на нивното место на живеење и без разлика на нивната етничка или партиска припадност. Сите одлуки, кои што ќе бидат носени ќе се носат заедно со граѓаните, а во консултација со граѓанските здруженија и стручната јавност.

Посветено и одговорно ќе ги спроведуваме мерките зацртани во програмата што носи живот за сите. Сериозно работиме на горливите проблеми, веќе од утре и официјално, на загадениот воздух, урбанистичкото дивеење и сообраќајниот хаос кој што владее во Скопје.

Ќе работиме заедно со градоначалниците на сите останати скопски општини, кои што исто така треба да се развиваат заедно со градот. Јас очекувам дека и во преостанатите општини на 29 октомври граѓаните ќе дадат доверба на кандидатите на СДСМ и коалицијата, со цел да го вратиме животот подеднакво во сите општини и тие општини да бидат дел од промените кои што ќе се случуваат во Градот Скопје и во Република Македонија.

Уште еднаш, сакам да ја истакнам мојата благодарност до сите граѓани, до сите институции и политички партии кои што учествуваа во изборниот процес и овозможија тој процес да биде слободен и демократски. На овие избори победија граѓаните, победи Скопје.

 

 

 

 

 

Последни вести