fbpx

Маричиќ: Идентитетот ни е гарантиран во ЕУ, повикувам на разум кај опозицијата и продолжување на дијалогот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Несоодветно е да тврдиме дека некој може да ни го земе јазикот и идентитетот, тоа не може да се случи, затоа го ставиме македонскиот јазик во преговарачката рамка, идентитетот веќе ни е гарантиран во ЕУ, може да зборуваме за реафирмација, рече денеска во тема на денот на Сител Телевизија секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ.

-Мислам дека е многу несоодветно ние да тврдиме дека некој може да ни го земе јазикот и идентитетот, тоа не може да се случи, ние затоа го ставивме македонскиот јазик во преговарачката рамка, затоа инсистиравме да се потпише договорот Фронтекс на македонски јазик, затоа инсистиравме да се изведуваат скрининзите на македонски јазик. За да ја увериме целата јавност и ВМРО-ДПМНЕ дека веќе гарантиран ни е идентитетот. Во таа насока јас сум сигурен дека би имало расположение да разговараме, дали со ЕП или Советот, или каде и да е, да излезе таква реафирмација, очекуваме таква реафирамција, рече Маричиќ.

Од ДПМНЕ треба да бидат констурктивни во таа смисла, бидејќи веќе неколку држави членки во наредниот период можат тоа да го направат со свои ставови, додаде Маричиќ и повика на разум кај опозицијата и продолжување на дијалогот.

-Да продолжиме од таму каде што застана лидерската средба, но тоа да биде во реални рамки. Треба разумен разговор како да дојдеме до точката заедно да ја преземеме и споделиме одговорноста, истакна Маричиќ.
Ќе дадеме уште некоја шанса во наредните денови за опозицијата да сепак пристапи кон овие разговори за да можеме заеднички да го договориме и спроведеме планот за уставни измени. Доколку тоа не се случи и доколку апелите за разумен дијалог од наша страна не вродат со плод кај ДПМНЕ, ние секако дека ќе тргнеме во разговор со секој пратеник., рече Маричиќ на Сител Телевизија.

Последни вести