Соопштение за јавност
Дали транзитно, дали на пропатување до Виена или не, ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски, на ден пред почетокот на предизборната кампања бил во Будимпешта.
Дали посетата на Мицкоски на Будимпешта била со цел да се сретне со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски?
Дали во очи на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?
Дали Мицкоски од Груевски добил нови насоки за деструктивно делување преку кое ќе се обидува да ги блокира реформите, а со тоа иднината на државата?
Мицкоски да не се крие зад параниочни соопштенија на неговата партија, туку да излезе пред граѓаните и да одговори.
Скопје, 30.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА