Соопштение за јавност
Има безбедносни ризици во регионот но ние сме на безбедната страна. Северна Македонија е членка на НАТО, тоа е навистина една придобивка од сите тешки одлуки коишто ги донесовме, една силна придобивка бидејќи денес седиме на масата,каде што ќе се одлучува за безбедносната структура, односно безбедносната инфраструктура на Европа за наредниот период, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за „Трилинг“.
Маричиќ нагласи дека поради членството во НАТО сме на безбедната страна на границата и кај нас не се отвараат прашања преку безбедносната призма, но она што е битно, е сега да го оствариме реално консензусот за членство во Европската Унија.
Тоа значи сите политички партии, вклучувајќи го и ДПМНЕ, јасно и гласно да покажат на дело дека се за Европската Унија и за членство, не само на зборови. Дел од нив тоа го направија со НАТО, и затоа денеска сме членка на НАТО, мислам дека е време да го направат и за Европската Унија, не заради СДСМ, не заради Владата, не заради било кој поединец, туку заради државата, бидејќи како што денеска сме сигурни на страната на безбедноста, затоа што сме НАТО, утре ќе има други предизвици и во наш интерес е да бидеме што побргу во ЕУ, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за „Трилинг“.