Соопштение за јавност
„Младите социјалдемократи секогаш биле подготвени да ја креираат не само својата иднина, туку и иднината на својата држава. Посветеноста на политиките водени од социјалдемократските вредности, кои всушност се и европски, е стратешки важна раскрсница, која води кон правиот, европски пат на развиените земји”, рече секретарот за меѓународна соработка на Социјалдеморкатскиот сојуз на Македонија на 16-тиот летен младински камп „Д-р Трајче Нешковски”.
Маричиќ разговараше со младите социјалдемократи за вредностите кои ги промовираат и застапуваат во контекст на најважниот државнички процес, укажувајќи дека со практикување на европските вредности, низ дијалог, добрососедски односи, компромис, а водени од патриотизмот, станавме земја членка на НАТО и ги започнавме преговорите со ЕУ.
„Европската иднина на Северна Македонија е можна со промовирање и застапување на социјалдемократските вредности, кои ни давале сила и визија да правиме чекори важни за иднината на младите генерации и кои се во интерес на државата, рече Маричиќ пред младите социјалдемократи.
Тој ги увери дека веќе државата тргнала на патот кој значи подобра економија, подобри плати, подобра инфраструктура, инвестиции и сигурност и дека останува приоритет и одговорност на Владата предводена од СДСМ да обезбеди непречено одвивање на преговорите со ЕУ, за успешно да се заокружи европската перспектива на Северна Македонија.