fbpx

Битиќи: Работниците заслужуваат достоинствени плати, СДСМ го оствари ветувањето за просечна плата над 36.000 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека работниците заслужуваат достоинствени плати како во приватниот, така и во јавниот сектор.

СДСМ на година дена пред изборите го оствари едно од предизборните ветувања дека ќе имаме просечна плата над 36.000 денари, истакна Битиќи, додавајќи дека од просечна плата од 22.400 денари во 2016 година, се дојде до плата од 36.300 денари.

Битиќи додаде дека СДСМ многу порано го постигна ветувањето за минимална плата над 20.000 денари.

Во јавниот сектор ситуациите се многу подобри од што биле, како што ги затекнавме во 2016 година, секако јас сосема ги разбирам барањата на вработените во јавниот сектор, во сите сектори, и година дена расправивме за општиот колективен договор кој што се носи после 18 години, нагласи Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ Битиќи потенцираше дека 18 години ниту една влада не само што не расправала, туку не сакала да седне да зборува за општ колективен договор во јавниот сектор.

Има и еден друг факт, да таа влада која што денеска најверојатно стимулира одредени кругови за да не го прифатат решението со општиот колективен договор, има направено платите во јавниот сектор да се регулираат преку 200 закони или подзаконски акти, така што веројатно секоја трета институција има различен начин на дефинирање на плати, рече Битиќи, додавајќи дека од таква состојба СДСМ прв пат од независноста, постигна да има системско решение за платите во јавниот сектор.

Последни вести