fbpx

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Зечевиќ, оддаде почит во Крушево по повод Денот на Републиката – Илинден

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, придружуван од организациониот секретар на СДСМ, Митко Трајчулески и членката на Извршен одбор на СДСМ, Ивона Кузмановиќ по повод 2 август – Денот на Републиката положи свежо цвеќе и оддаде почит на Споменикот на Мечкин Камен во Крушево, на гробот на Никола Карев – Македониум и на споменикот на хероите на месноста „Слива“.

Илинден е темелот на македонската државност, водејќи се од идеалите за слобода, правда и еднаквост, нашите храбри предци го поведоа народот кон слобода и независност.

Денес, СДСМ, водејќи се од принципите на Крушевскиот манифест, гради модерна, демократска, слободна држава, идна членка на големото европско семејство во ЕУ.

Пораката на Зечевиќ по повод 120 годишнината од Илинден е дека членството во ЕУ е нашиот, 4-ти Илинден.

За многу години Илинден!

Нека ни е вечна и вековита Европска Македонија!

Последни вести