fbpx

Украдените пари ќе ги вратат, носиме живот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање,
Љупчо Николовски, носител на кандидаткста листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3
Берово, Митинг, 30.11.2016

 

Во Берово исто така нема живот. Локални шерифи, наместени тендери, криминал колку сакаш. Масовно иселување, нема лекари, нема специјалисти, празни ливади, нема инвестиции, опустошени шуми и криминал!

Наместо да бараме живот во странство ќе имаме добар живот тука во Македонија. Ќе градиме економија која ќе генерира повисоки плати за сите, и за вработените во приватниот и за вработените во јавниот сектор.

Покрај тоа што испишавме План за живот во Македонија, го испишавме базирано на вашите потреби, на потребите на секој човек и секој граѓанин. Се обврзуваме пред сите вас повисоки плати ќе има за сите во Македонија!

Просечната плата ќе биде 30.000 денари на крајот на првиот мандат. Секое семејство со двајца вработени ќе има примања од 1000 евра. Со 1000 евра доход во секое семејство ќе има доволно пари и за храна, здрава и разновидна, и за плаќање на сметки и кредити, и за патувања на вашите деца, и за топла и квалитетна облека, и за нова детска соба, за парче мебел, за одмор ќе има за се.

Второ: ќе ги поддржиме домашните, македонските фирми со 140 милиони евра директна финансиска поддршка од државата. Но за да отвараат нови работни места, добро платени работни места за овие млади луѓе. За да останат тука во Берово, тука во Македонија!

Преку системот на враќање на данокот на додадена вредност 15% од овој данок ќе се враќа во секое семејство, тоа значи уште една плата. Повисоки плати ќе има и во здравството.

На крајот од мандатот секој здравствен работник ќе има дупло поголема плата, а секој специјалист плата од 100.000 денари. Затоа што покрај младите и лекарите ќе ги задржиме тука дома, да имаме квалитетно здравство во секое населено место во Македонија. Доста ни се иселуваа лекарите кои насушно ни се потребни, годишно 200 лекари си заминуваат од Македонија. За нивната благородна работа мора да обезбедиме повисоки плати.

Пензиите ќе растат како што ќе растат трошоците за живот. Со зголемувањето на платите буџетот во пензискиот фонд ќе се полни, што ќе значи повисоки пензии. Но, ќе обезбедиме и државна социјална пензија за секој граѓанин над 65 години, а нема услови да се стекне со пензија.

Ќе има правда и украдените пари ќе ги вратат назад во Македонија и на граѓаните.

Ајде заедно да се избориме за животот во Македонија, ајде заедно на 11 декември да заокружиме 4, да заокружиме опцијата која што ќе ја врати слободата и правдата. Можеме заедно со вас да се избориме против криминалот, Можеме заедно со вас да се избориме за стоп на иселувањето! Можеме заедно со вас да се избориме за подобар живот на секој еден човек, на секој еден граѓанин.

Да се избориме за живот во Македонија! Победуваме! Победуваме! Да живее Македонија!

 

 

Последни вести