fbpx

Молк наместо осуда, Мицкоски го брани Касами!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Марија Костовска-Наумовска од ОО СДСМ Тетово

Почитувани,

Христијан Мицкоски со денови молчи, нема осуда за настаните и провокациите што се случија во петокот, во Тетово.

Ниту збор не кажа Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната.

Молчи Мицкоски и за провокациите.

Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот.

Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции токму овде во општинската зграда.

Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и ден денеска и во советот на Тетово и во македонското Собрание.

Молчат и советниците од ДПМНЕ во Тетово, и тие го бранат Касами.

Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии.

Очигледно ова е “духот на коалицискиот договор“ за којшто зборуваа Мицкоски и Касами.

Но и Мицкоски и Касами треба да знаат дека времето на национализам, на тензии е одамна завршено, граѓаните нема да дозволат нови поделби онакви какви што ДПМНЕ 11 години ги правеше.

Последни вести