Соопштение за јавност
ДПМНЕ се распаѓа. Внатрешни кавги, дворски игри, обвинувања и препукувања.
Големи се внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот.
Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски.
Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите.
Јавноста се уште чека одговор од Мицкоски за диловите со Груевски. Никако да одговори за барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија.
Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.
СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ја земе државата како заложник.