fbpx

Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија, тоа е факт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски не може да ги релативизира неговите анти ЕУ и антизападни политики се додека го блокира продолжувањето на европскиот пат на земјата и членство во ЕУ.

Граѓаните многу добро знаат дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија.

Не треба за тоа никаква експертиза, тоа е апсолутен факт. Продолжувањето на европскиот пат и интеграцијата во ЕУ го блокира токму ДПМНЕ во македонското Собрание.

Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО. Мицкоски е единствениот политичар кој не аплаудираше на усвојување на Договорот во македонското Собранието кога се верификуваше нашето членство во НАТО.

Денеска Мицкоски е во целосно заложништво на проруската Левица.

Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција.

Тоа се фактите.

Последни вести