fbpx

СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за домашните компании

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, расте поддршката за домашните компании.

Во изминатите шест години СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за 919 домашните компании, преку законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Овие компании веќе имаат реализирано инвестиции од 500 милиони евра, а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период.

Тоа се 800 милиони евра инвестиции од македонски компании, што претставува инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан.

СДСМ продолжува со мерки и чекори за поддршка на компаниите, да бидат конкурентни, подготвени за отворениот пазар на ЕУ.

Последни вести