fbpx

Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, тоа е одамна апсолвирано

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште во моето експозе кога станав претседател на Владата кажав дека ќе имаме редовни избори, опозицијата во неколку наврати тврдеше дека ќе има предвремени избори и сега да каже дека ќе има редовни избори, така да тоа прашање е одамна апсолвирано, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Јас кажав во експозето кога станав претседател на Владата на 16ти јануари минатата година дека ќе има редовни избори. После тоа експозе опозицијата во неколку наврати велеше дека изборите ќе бидат бидат предвремени, ќе биде минатата година во јуни, па минатата година во септември, па минатата година во декември, па потоа ова година во март, па ова година во септември па ова година во ноември. На крај да каже опозицијата дека ќе има редовни избори. Така да тоа прашање е апсолвирано, рече Ковачевски.

За терминот на одржување на редовните претседателски избори, како и за редовните парламентарнитизбори треба да бидат предмет на дискусија меѓу сите партии, додаде Ковачевски потенцирајќи ги законските рокови кои мора да се почитуваат.

-За датумот на изборите тоа веќе е предмет на дискусија помеѓу сите политички парти, не помеѓу две политички партии. Бидејќи секогаш Изборниот законик во државата и оддржувањето на изборите се прави согласно со Закон, согласно со Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори, претседателски и парламентарни избори. Сметам дека она што го има направено работната група каде не учествуваше за жал ВМРО-ДПМНЕ, во делот на работата на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, дека ќе биде формирана и дека ќе можат сите да бидат на исто ниво на информираност . Согласно тоа во наредниот период да се носат одлуките. Значи време има, политичка волја има, избори ќе има, тие ќе бидат редовни а кога ќе биде договорено кога ќе бидат, бидејќи ние во моментот имаме претседателски избори кој што треба да се случат до соодветен датум, ние имаме парламентарни избори кој што имаат свои рокови кога треба да се одржат. Кога ќе бидат усогласени сите ставови тогаш може да биде информирана и јавноста. До тогаш се е на ниво на желби, на ниво на шпекулации а јас никогаш не комуницирам ни на ниво на желби ни на ниво на шпекулација, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Последни вести