Соопштение за јавност
СДСМ ги зголеми платите и пензиите и тоа минималната плата за 100%, просечната плата за 63,5%, минималната пензија за 52.9%, а со антикризните мерки го заштити стандардот на граѓаните.
Минималната плата во јануари 2016 година изнесуваше 10.000 денари, а сега е 20.175 денари, што е зголемување за 100% зголемување, односно за 10.095 денари.
Просечната плата е зголемена за 63,5%, односно за 14 136 денари, од 22.254 денари, колку што изнесуваше во јануари 2016 година на сегашните 36.290 денари.
Просечната пензија во јануари 2016 година изнесуваше 13.076 денари, а денес е 19.062 денари, што е зголемување за 6 000 денари или за 52,9%.
СДСМ со навремени и ефикасни мерки го заштити стандардот на граѓаните и обезбеди помош за компаниите, а истовремено ја намали инфлацијата.
Стапката на инфлација од највисоката вредност од речиси 20% минатата година е во постојан надолен тренд и во последниот месец од годината ќе биде на ниво од 5%.
СДСМ продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните.