fbpx

Просечната плата во ноември 2018 е поголема за 5,8 отсто и изнесува 24.584 денари, растот на платите дополнително ќе се интензивира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжува трендот на раст на платите што е  уште еден показател дека економијата конечно е стабилизирана и поставена на здрави основи.

Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари што за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година.

Во апсолутен износ, просечната плата во ноември 2018 е поголема за 1.352 денари во однос на ноември 2017 година.

Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира. За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата што дополнително ќе ја отвори спиралата на раст на платите.

Со Буџетот за 2019 предвидено е зголемување на платите во сите сектори, а преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра, онака како што беше ветено пред граѓаните.

 

Скопје,23.01.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести