fbpx

Се јави Хидро Мицкоски да глуми загриженост, а сноси директна одговорност за зголемување на загадувањето и поскапување на струјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се јави Христијан Хидро Мицкоски, човекот што сноси директна одговорност за зголемување на аерозагадувањето, поскапување на струјата и зголемување на сиромаштијата. Лицемерно денеска глуми загриженост Мицкоски за проблемот со загадувањето, после 11 годишно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и не преземање ништо.

Хидро Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ за 100 проценти ја зголемија цената на струјата, што влијаеше илјадници домаќинства да преминат на нееколошки начин на загревање. Дополнително, заради криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ не презедоа ништо за загаденоста на воздухот.

Мицкоски молчеше 11 години за загаденоста на воздухот. Бизнисот со хидроцентрали што го доби од неговиот шеф, Никола Груевски, му беше поважен од здравјето на граѓаните.

Мицкоски да не глуми загриженост. Сега сите институции се посветени на решавање на проблемот со загадувањето.

После 11 години игнорирање на проблемот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, конечно се преземаат сериозни мерки на краток, долг и среден рок кои имаат за цел да стават крај на долгогодишниот проблем.

Станува збор за сложен и долгорочен проблем за кој е потребно време, но сите институции се силно посветени на негово конечно решавање.

 

Скопје,21.01.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести