Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани,
Јавно, во интервју на Канал 5 телвизија Мицкоски кажа дека е за коалиција на ДПМНЕ со Левица.
Ова е директна потврда на Мицкоски на она она што го говориме цело време и директно поврзано со коалицијата на ДПМНЕ и Левица.
Да го слушнеме и да го видиме што вели Мицкоски.
Почитувани граѓани, видовте и слушнавте.
И покрај тоа што Левица е анти-ЕУ и анти-НАТО партија Мицкоски вели “никогаш не треба да се вели никогаш“.
А за вредностите ќе седнел на маса и ќе преговара.
За кои вредности ќе преговара Мицкоски за брак со Левица?
За проруските вредности на Левица? Против НАТО ли ќе преговара Мицкоски?
Или за потпалувачката анти-ЕУ реторика?
Паднаа сите маски на ДПМНЕ.
Наутро ДПМНЕ праќа соопштение против Левица а попладне Мицкоски зборува за коалиција со нив.
Ова јавно принзание на Мицкоски ја покажа вистината за неговите политички дилови со Левица на штета на државните и национални интереси.
Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата.
одговор на новинарско прашање