fbpx

Не само што не се укинати евтините летови туку се обезбедени и нови линии, пропадна уште една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и Министерството за транспорт и врски потпишаа Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии со што се обезбедени евтини летови во наредните три години.

Финансиската поддршка што ја обезбедува Владата е 312 милиони денари или околу пет милиони евра до 2022 година, а покрај досегашните релации, се воведуваат уште 8 нови линии, 4 од скопскиот и 4 линии од охридскиот аеродром.

Покрај зголемениот број на авиолинии, се зголемува и бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид.

Со овој Договор, издиша уште еден балон на лаги на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто лажно тврдеше дека граѓаните ќе останат без евтини летови, и ширеше неоснована паника дека ниту една авиокомпанија нема да биде заинтересирана да обезбеди евтини летови.

Лажната вест на антинародното ВМРО-ДПМНЕ пропадна. Не само што се укинати евтините летови, туку се обезбебедени 8 нови дестинации.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на спроведување на мерките што се во интерес на државата и сите нејзини граѓани.

Скопје, 15.01.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести