fbpx

Македонија сврте нова страница кон иднина во НАТО и ЕУ, напредокот носи подобра економија и повисок животен стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани.

Децениските стратешки приоритети и интереси на државата, членството во НАТО и Европската унија се во финална фаза на исполнување.

Македонија оди напред, сврте нова страница кон сигурна и стабилна иднина. Македонскиот идентитет е загарантиран и обезбеден.

Од изолирана, поделена и заробена држава, денес Македонија се развива како модерна, европска држава на еднакви граѓани, земја пријател на регионот и демократскиот свет.

НАТО и ЕУ не се само голема, историска можност за напредок, безбедност и стабилност, членството значи и нови инвестиции, нови и добро платени работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Интеграциски процес кој засилено се движи напред го интензивира економскиот раст, ја прави државата поатрактивна за сериозни странски инвестиции и позитивно влијае врз конкурентноста на домашните компании.

2019 година ќе биде година на економија и развој.

Платите растат во сите сектори, се зголеми финансиската поддршка за претпријатијата, навремени и зголемени субвенции за земјоделците, повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните. Повратот на Данок на додадена вредност од 15 отсто за граѓаните кој треба да се реализира оваа година, ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство.

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните реформи што обезбедуваат напредок во евроинтеграциите, економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Скопје, 13.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести