fbpx

Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери, тие се опасност по безбедноста на децата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да се грижат за безбедноста на нашите деца и млади, стануваат засолниште на дилери со дрога.

Мицкоски и ДПМНЕ не може да ја лажат јавноста дека фотографиите со дилери на дрога се случајност. Особено што не станува збор за еден туку за три случи кои говорат многу.

Ова шокантно откритие, влева недоверба, немир и страв кај секој родител.
Додека полицијата деноноќно се бори со трговијата со дрога и апси дилери, ДПМНЕ стана засолниште, гнездо на дилерите. Дом на оние кои ги искористуваат нашите деца за профит.
Време е да се запрашаат сите: Може ли да се верува на партијата во која влијание имаат овие криминалци?
Нашите деца заслужуваат подобро.

СДСМ ги разбира стравовите и грижите кај родителите што произлегуваат од овие последни сознанија и ќе направи се да ги заштити. ДПМНЕ е ризик за безбедноста, но СДСМ тоа нема да го дозволи.

Време е Мицкоски да понесе одговорност и да каже конечно која е неговата улога и што договара со дилери?

Граѓаните сакаат мир и безбедност, сигурна иднина за нивните деца, ослободена од темните сенки на криминалот поврзан со дрога. Додека е СДСМ на власт може да бидат сигурни дека ревносната борба против дрогата ќе продолжи.

ДПМНЕ не смее да се крие повеќе. Тие целосно изгубија контакт со принципите кои ни се најважни – безбедноста и благосостојбата на нашите најблиски, на децата.

Изборот е јасен: Влада посветена на заштита на нашите семејства со СДСМ од една страна и партијата која поттикнува криминални елементи односно ДПМНЕ од друга страна.

Последни вести