fbpx

Ковачевски за Канал 5: Единствената политика на опозицијата се блокадите, го блокираат и европскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нашата опозиција се покажа во текот на сите изминати години кога е во опозиција, дека единствената политика им е да блокира. Тие сами излегуваат на прес конференција и викаат, ние ќе правиме активна блокада на собранието. Блокада може да биде само активна, не може да биде пасивна блокада. И со таа блокада што направија, изблокираа се што може да се изблокира и го изблокираа евроинтеграцискиот пат на државата, заедно со сите други блокади што ги направија, истакна престедателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 телевизија.

Ковачевски нагласи дека истите оние коишто беа против зачленувањето во НАТО, истите тие се против зачленувањето во ЕУ.

Тоа што го гледавме во 2008 година во Букурешт, истото го гледаме сега во Брисел, истите политичари, истите политички партии, сега засилени со партијата Левица. Една анти ЕУ, анти НАТО, проруска коалиција, која што не нуди друга алтернатива, меѓутоа државата повторно сака да ја води во изолација и во статус кво, потенцираше Ковачевски.

Претседателот Ковачевски нагласи дека коалицијата предводена од СДСМ нема да се откаже од европскиот пат.

Она што јас сакам да го кажам е дека нашата коалиција која што е европска коалиција, нема да се откаже од овој процес на европска интеграција на државата, со оглед на тоа дека ова е процес кој што обезбедува повисок животен стандард на граѓаните, повеќе работни места, подобро владеење на правото, уште подобро владеење на демократијата, која што во изминатите 7 години го унапредивме, на исклучително високо ниво на она што беше до 2016 година и државата да биде дел од европското семејство во 2030 година, порача престедателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 телевизија.

Последни вести