Соопштение за јавност
СДСМ се грижи и за пенизонерите, само со последниот, деветти пакет антикризни мерки, 187.000 пензионери со пониски пензии добиваат значителна финансиска поддршка, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“ во Прилеп.
Во наредните 5 месеци, како што посочи лидерот на СДСМ, Ковачевски, пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка што е поддршка од вкупно 15.000 денари.
Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно, додека пензионерите со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, добиваат поддршка од 1.500 денари месечно.
-Кога велиме повеќе за сите, ќе напоменеме дека СДСМ веќе ги покачи пензиите во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од времето на ДПМНЕ. Со мерките и политиките на СДСМ никој не е оставен сам, а пензиите растат во континуитет. Кога велиме повеќе за сите, ќе напоменеме дека СДСМ веќе ги покачи пензиите во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од времето на ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
При тоа Ковачевски, посочи дека просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година.
Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ.