fbpx

Ковачевски: Обезбедивме поголеми плати и пензии, со СДСМ има повеќе за сите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Обезбедивме поддршка за поголеми плати за работниците во приватниот сектор. Со мерката за зголемување на платите во вработените во приватните компании, отвораме можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари.“– истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Прилеп.

„Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата. СДСМ на дело покажа дека го цени и вреднува трудот на работниците. Не само со овој пакет мерки”, порача претседателот Ковачевски во своето обраќање.

Ковачевски потенцираше дека просечната плата од 2016 година досега е зголемена за над 250 евра, од 360 на 615 евра.
„Нашето ветување беше 500 евра и предвреме не само што го остваривме туку го надминавме. Минималната плата, во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари, сега изнесува 20.175 денари. Повеќе од двојно! Стапката на невработеност пак во 2016 година беше речиси 24%, за да денес е 13,3%. За само една година имаме зголемена вработеност од 9,5% во државата. СДСМ обезбедува повеќе за сите! Со СДСМ има повеќе за сите но има и за државата, истакна претседателот Ковачевски.

На трибината „Повеќе за сите” од Прилеп, Ковачевски вети дека во наредниот мандат, ќе продолжи растот на платите и пензиите уште повеќе, ќе продолжи економскиот раст, ќе продолжат инвестициите.

„И веќе нема да зборуваме за минимална плата, туку за достоинствена плата“- порача Ковачевски и потенцираше дека со членство во ЕУ, платите и пензиите ќе бидат за 70% поголеми од она што се денеска.

„Победничката програма којашто ја подготвуваме ќе значи уште повеќе и за граѓаните и за државата“- истакна Ковачевски.

Зборував за платите и пензиите колку се поголеми во времето на СДСМ. Зборував и за финаниската поддршка за граѓаните и враќањето на парите назад кај граѓаните – истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Прилеп и порача:

„Со мерките и политиките на СДСМ никој не е оставен сам, а пензиите растат во континуитет. Само со СДСМ пензиите можат да растат значително и ние ќе продолжиме со нашите политики за нашите постари сограѓаните да имаат спокојна старост.”

Последни вести