fbpx

Мицкоски мислеше на своите хидроентрали додека граѓаните осиромашуваа, сега нека учи како се работи во енергетиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Преку преповторување на стари, демантирани лажни вести, раководството на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно докажува во каков степен на безидејност и очај е западното.

Очигледно е дека успехот кој го бележат енергетските компании денеска е проблем за Хидро Мицкоски.

Додека граѓаните осиромашуваа, Мицкоски мислеше само на своите хидроцентрали. Кога тој беше на чело на ЕЛЕМ се увезуваше многу поскапа електрична енергија од странство, не се произведуваше доволно, а за граѓаните струјата ја поскапи за дури 100 отсто.

За разлика од тој неуспех на Мицкоски, денес Македонија произведува вишоци на струја, го продава вишокот електрична енергија и заработува. Мицкоски нека учи како се работи во енергетиката.
Пред околу 1 месец АД ЕЛЕМ и РЕК Битола јасно ги демантираа лагите кои ги ширеа порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а кои деновиве ВМРО-ДПМНЕ ги рециклира.

Исто така, јавно е познато дека правното лице СВ Инвест нема никаква деловна или каква било поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да понудат освен деструкција, лажни вести и блокади преку кои сакаат да го одбранат криминалот на Никола Груевски.

 

Скопје, 18.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести