fbpx

Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Скопје дишат загаден воздух, а градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо.

Освен мнозинство во Советот на Град Скопје, ДПМНЕ има над 500 членови во управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров а никој од нив нема ништо преземено иако помина половина од нивниот мандат.

Буквално ништо не презема ДПМНЕ против загадениот воздух. Нема нови зелени површини, нема нови дрвја. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина туку парите постојано се намалуваат.

Нема мерки ниту за намалување на тековното загадување, ниту пак долгорочни решенија за справување со загадувањето во Скопје.

Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место.

Последни вести