Соопштение за јавност
Остануваат уште 98 дена до 8-ми мај и победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ.
Граѓаните на слободни, фер и демократски избори ќе го поразат Мицкоски и ДПМНЕ и нивните хорори.
Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ. Тоа е истата партија од минатото којашто не е поместена ниту милиметар.
Како владее ДПМНЕ се гледа од работата на нивните градночалници, кои за 2 години ги уназадија општините, не направија ништо добро за граѓаните, освен што им ги покачија сметките.
Понудата на ДПМНЕ е хорор, влечење за коса, враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии.
СДСМ нуди поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, со СДСМ е извесна европската идина со заштитен македонски идентитет.
Тоа е изборот пред граѓаните.
На 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година.