fbpx

Платите сега растат, Македонија оди напред, заврши криминалното црнило на ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години ги осиромашуваше граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единственото црнило во кое беше заглавена Македонја беше 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога граѓаните и државата осиромашуваа додека се богатеше фамилијата.

Тоа време заврши. Граѓаните ги поразија погубните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и одбраа напредок, развој и интеграција.

Економските параметри покажуваат дека економијата расте, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, платите растат во сите сектори, растат индустриското производство и извозот, се бележат рекордни износи на странски инвестиции.
Платите растат во сите сектори.

За само две години, просечната плата според официјалните податоци на Државниот завод за статистика порасна за над 2.000 денари.

Просечната плата во септември изнесува 24.355 денари што е за 2.164 денари повеќе во однос на септември 2016 година, во времето на претходната на власт.

За неколку месеци, Македонија станува 30 земја членка на НАТО и ги започнува прговите за членство во ЕУ.

Македонија излезе од црнилата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и тргна кон светла иднина како рамноправен партнер со демократскиот свет.

Скопје, 25.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести