fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не може да излезат од матрицата на деструктивноста, последна форма на одбраната на криминалот на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Мицкоски може да излезе на улица, но не може да излезе од криминалната и деструктивна матрица на Никола Груевски и неговите соработници.

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ се последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски, менторот на Мицкоски.

Пионот Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, нема идеја, нема програма, ниту план. Наместо тоа, нуди само деструкција, тензии и блокади.

Црнилата беа и остануваат симбол на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од осудениот криминалец Груевски.

Граѓаните ја гледаат и чувствуваат разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско управување Владата предводена од СДСМ.

По 11 години криминал, корупција заробена држава, изолација и неизвесност, граѓаните ја поразија погубната матрица на Груевски. Македонија за нешто повеќе од една година е рамноправен партнер на демократскиот свет, држава во која институциите работат единствено за граѓаните.

Економските параметри покажуваат дека економијата расте, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, платите растат во сите сектори, растат индустриското производство и извозот, се бележат рекордни износи на странски инвестиции.

Мицкоски внимателно нека следи и нека научи што е економија, што е демократија, интеграција раст и развој во сите сегменти на општеството.

 

Скопје, 25.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести