fbpx

Црнилата во здравството завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНE,Владата предводена од СДСМ го унапредува здравствениот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема поголемо црнило во здравството, од она што зад себе го остави 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога се урнисуваше здравствениот систем, кога им се погазуваа правата на пациентите, а лекарите бегаа од државата заради потценувачкиот однос на власта на ВМРО-ДПМНЕ кон нив.

Црнилата во здравството завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, Владата предводена од СДСМ го рехабилитира здравството кое што ВМРО-ДПМНЕ го остави во катастрофална состојба поради нивните погубни и криминални политики.

Буџетот за 2019 година ги потврдува заложбите на Владата предводена од СДСМ за унапредување на здравствениот систем.

Со предлог Буџетот за 2019 година , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Претходно, над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто со исплата на септемвриската плата, а се зголемија и надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, се со цел поголема мотивација и достојни услови за работа.

Буџетот за здравство е зголемен за 300 милиони денари. Обезбедени се близу 10 милиони евра за изградба на клинички центар во Скопје и Штип, зголемени се средствата за задолжителна имунизација и средствата за нови лекови за рертки болести.

Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, направен е одржлив план за изградба на нов клинички центар , а итната медицинска помош доби 12 нови возила .

Владата предводена од СДСМ продолжува со остварување на мерктие што обезбедуваат квалитетно здравствство за пациентите, вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем.

Скопје, 24.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести