fbpx

Децениското игнорирање на аерозагадувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ создаде огромен проблем, институциите системски го решаваат проблемот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лицемерето на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за расипништво, криминал и корупција, нема граници.

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот додека парите на граѓаните ги трошешe на луксуз, лажен барок, скапи возила и криминални тендери преку кои се уништуваше зеленилото и се загрозуваше животната средина.

Владата предводена од СДСМ, наследи огромни проблеми со аерозагадувањето, но презема низа стратешки мерки со кои системски се решава овој проблем.

Во координација со Министерство за животна средина, Град Скопје, општините и надлежните институции, усвоен е План за чист воздух со кој системски на краток, среден и долг рок се решава загадувањето.

За овој план, покрај редовните средства, одвоени се и дополнителни 1.5 милиони евра.

За разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Планот за чист воздух овозможува 10 илјади домаќинства да бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас.

Се интензивираат инспекциските надзори и контроли, се санираат и расчистуваат дивите депонии.

Истовремено, со субвенционирање на набавка на еколошки автомобили и субвенционирање на трошоците за вградување уред на погон на ТНГ во возилата, ќе се пристапи кон намалување на загадувањето од сообраќајот.

Со сите мерки кои се спроведуваат сега и во иднина се очекува во наредниот период, загадувањето двојно да се намали.

Решавањето на проблемот со аерозагадувањето е и останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ.

Последни вести