fbpx

Антизападното ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став ниту за Буџетот, факт е дека со мерките се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ нема програма и не нуди ниту едно решение за било што. Очигледно, освен одбрана на кирминалот на Никола Груевски не знаат ништо друго.

Дури и За едно од најважните економски теми, креирањето на Буџетот за наредната година, ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став.

Со прес конференции кои не кажуваат ништо, без поента, базирани на неточни информации, лажни вести и шпекулации на социјалните мрежи, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема ниту капациттет ниту знаење.

Не може ниту да се очекува нешто друго од партија која 10 години ги осиромашуваше граѓаните преку криминални шеми преку кои парите на граѓаните завршуваат во џебовите на најблиските соработници на Никола Груевски.

Со мерките од предлог Буџетот за 2019 се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, социјална праведност и подобра живеачка.

Продолжува трендот на раст на платите. За 5 отсто повисоки плати ќе добиваат вработените во здравството, образованието, полицијата, војската, вработените во детските градинки и социјални центри, културните работници како и вработените во јавниот сектор. Докторите специјалисти ќе добијат покачување од 10 отсто.

Се воведува и нов, реформиран систем на социјална заштита. На примателите на социјална помош, помошта им се зголемува и до 300 отсто, а се олеснува и пристапот до надоместокот, на дополнителни 11.000 домаќинства, покрај постојаните 24.000 домаќинства кои во моментот примаат социјална помош.

Се воведува и детски и образовен додаток, кој има за цел да извлекува од детска сиромаштија, а преку кој ќе бидат опфатени околу 60.000 деца.

Пресвртницата на економската политика ќе се потпира на забрзување на реалниот раст на економијата за 3.2% но и на креирање мерки и програми за вработувања кои ќе допринесат за отворање на нови работни места.

Невработеноста ја смалуваме на ниски 20% со помош на мерки за вработување – вредни 1.1 милијарда денари, како историски највисок износ.

Ова се реални и одржливи мерки. Антизпадното раководство на ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи вистинска економска политика и мерки кои носат повеќе пари кај граѓаните, социјална праведност и еконоски раст.

 

Скопје,18.11.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести