Соопштение за јавност
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, првата партија во Европа со посечен претседател со правосилна пресуда и во бегство нема никаква политичка идеја освен одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници.
Лицемерно, неодговорно и потценувачки кон граѓаните е денес ВМРО-ДПМНЕ да зборува за наводно незаконско следење, кога токму таа партија преку злоупотреба на безбедносниот систем, со години незаконски следеше и прислушуваше десетици илјадници граѓани на Македонија.
Рефромата во безбедносните служби обезбедуваат професионални и независни инстутуции кои работат во служба на законите и во интерес на граѓаните. Времето на незаконско следење и прислушување на граѓаните, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Антинартодното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека нема да може да го одбрани криминалот на нивниот ментор Груевски, ниту на негвоите соработници. Правда ќе има, ќе има одговорност за секој за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски, а отворената истрага ќе ги лоцира одговорните кои на каков било начин му помогнале на криминалецот Груевски во неговото бегство од прадвата.
Скопје, 16.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА