fbpx

Ковачевски: Во партиските органи и тела на СДСМ жените и мажите подеднакво се застапени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот Ковачевски, на денешниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената истакна дека СДСМ е пример за тоа како треба да изгледа вистинска рамноправна застапеност и вистинска родова еднаквост посочу вајќи дека едно од достигнувањата на СДСМ за родова еднаквост и рамноправност е што во партиските органи и тела на СДСМ жените и мажите подеднакво се застапени и што СДСМ е предводник на концептот 50-50% на листите за пратеници во Собранието и советници во локалната самоуправа.

Сето ова се должи на фалтот дека СДСМ е единствената партија која вистински Ги почитува жените, ја препознава нивната способност и зборовите ги претвара во дела.

„И во политичкиот живот, и во бизнисот, и во академскиот живот од кои сум бил дел, можам да кажам дека жените нѐ увериле дека имаат еден поинаков, специфичен пристап во работата. Тој пристап, во време на криза, се покажа како исклучително вреден и неопходен за брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се сретнавме. За тоа се пример сите наши министерки во Владата. Без нив, ништо од тоа кое го направивме како Влада за поддршка на граѓаните, денес немаше да е возмозможно.“ истакна Ковачевски.

Последни вести