fbpx

Пионот Мицкоски и антинародното ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочат иднината, сите пратеници да го поддржат процесот во Собрание

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападниот пион Христијан Мицкоски денеска пропушти прилика на јавноста да и објасни како добивал тендери од Владата на неговиот ментор Никола Груевски, за хидроцентрали, додека му бил советник.

На антинародниот Мицкоски досега требаше да му стане јасно, неговата политика на одбрана на криминалот на Груевски преку деструкција, кочење и блокади е поразена, од мнозинството граѓани и од мнозинството пратеници во Собранието.

Граѓаните избраа иднина, Македонија чекори напред.

Осамени во својата деструкција, Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират со реалноста, нема да ја закочат иднината, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

Преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба ги напуштат погубните политики на Мицкоски против ЕУ и НАТО и да се приклучат кон интегративните процеси.

Сите пратеници, а особено преостанатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат уставните измени и преку процесот во Собранието заеднички да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО.

Особено сега, кога амандамните се пред јавноста, пред граѓаните и се е кристално јасно и потврдено: македонскиот идентитет е зајакнат и обезбеден, отворени се вратите за членство во НАТО и ЕУ.

Скопје, 04.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести