fbpx

Силјановска и ДПМНЕ сакаат да се откажеме од единствената надеж за подобра иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Она што го нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.

Силјановска Давкова ревносно ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание.

Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.

Толку јасно. Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов.

ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро. Потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води оваа партија.

Не ни е потребна нова катастрофа, на граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде партиски послушник, ќе ја кочи иднината на земјата и ќе бара да се откажеме од подобро утре.

Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.

Патот до ЕУ е тежок и долг, но сепак тоа е единствениот начин за суштински позитивни промени.

Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот.

На граѓаните им е потребен европскиот животен стандард европските вредности и европскиот живот дома, и тоа сега, а не за 100 години или никогаш.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Последни вести