fbpx

Ковачевски: Она што го нуди опозицијата е граѓаните да се откажат од својата иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Она што го нуди опозицијата, е граѓаните да се откажат од својата иднина, ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат на граѓаните им предлагаат концепт со кој ќе бидат против својата иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во обраќање при отворање на промотивен штаб на партијата во Прилеп.

-Нема никаква промена во опозицијата. Погледнете ги што прават, нас не напаѓаат затоа што го заштитивме македонски јазик и идентитет и го обезбедуваме во ЕУ додека гледаме нивни слики со луѓе кои го негираат македонскиот јазик, култура, идентитет. Тоа е таа неискреност на опозицијата пред граѓаните. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро. Потврда за тоа е и катастрофата што се случува во Прилеп, но и во Скопје, и во многу други општини коишто ги водат. Повеќе од 2 години поминаа ништо добро во општините ниту направија ниту донесоа, рече Ковачевски.

Нас ни е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, а не во некоја далечна иднина или никогаш, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести