fbpx

Талески: Нема да дозволме ДПМНЕ да не држи во заложништво

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е политчка партија, која ќе издејствува двојна победа, по изборите на 8 мај, на 9 мај ќе ја формира европската влада, со концептот што го воспоставивме, на платформа членство во ЕУ, да одиме напред, а не да се оди назад, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Талески додаде дека СДСМ на 27-иот Конгрес го утврди кандидатот за претседател Стево Пендаровски, кој го врати кредибилитетот и достоинството на институцијата претседател, кој има потенцијал да биде предводник на демократскиот и прогресивниот блок.

Собранието го донесе Законот за лични документи, со што и оние кои немаат променети документи, да излезат и да гласаат. Сето она што се случува со документите, се створи паника од страна на министерот и МВР, затоа што долго време од Белата Палата велеа дека ќе го решат проблемот веднаш по доаѓањето на власт, рече Талески, додавајќи дека ДПМНЕ ги повикауваше граѓаните дека ќе го променат името, ќе го укинат преспанскиот договор, а сега од петни жили се борат за нешто имплемнтација за она што ветуваа дека ќе го променат.

Во врска со проблемите на граѓаните со пасошите, Талески истакна дека образци има, секојдевно доаѓаат и покажа документ од кој призлегува дека поранешниот технички министер од ДПМНЕ Наќе Чулев набавувал пасоши со старото уставно име.

Талевски го повика ДПМНЕ да одговори дали го поддржува или не она што го прави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Македонската јавност виде дека кандидатката на ДПМНЕ се слика со Андреј Ковачев, најголемиот негатор на македонскиот јазик и идентитет, на кој ние како држава му забранивме да влезе, рече Талески, додавајќи дека Ковачев го нападна АСНОМ како столб на антибугарство, кој тврди дека браќата Миладинови не напишале Зборник, туку бугарски народни песник.

Се слика гордо кандидатката на ДПМНЕ со тој човек. Тоа е лицемерието на ДПМНЕ. Нема да дозволме ДПМНЕ да не држи во заложништво, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Последни вести