Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е симбол на масовна партизација, злоупотреби на институциите и притисоци врз вработените во администрацијата и затоа денес е најмалку повикана да зборува за состојбите во администрацијата.
Времето на таквиот однос кон државните институции и вработените во администрацијата заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес, со започнатиот процес на реформи администрацијата се професионалзиира, сите институции работат независно, професионално и единствено во интерес на граѓаните и во служба на законите.
Добар напредок е постигнат со усвојување на Стратегијата за реформа на јавната администрација и програмата за реформи во управувањето со јавните финансии, Тоа е препознаено и од Европската Унија, кадешто во Извештајот од Европската комисија, Македонија за првпат е оценета со добар напредок во администрацијата, што директно ги демантира сите денешни лаги изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат ефикасна, професионална и независна администрација. ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на лажни вести и измислици.
Скопје, 28.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА