Соопштение за јавност
Нè обвинуваат дека сме го продале идентитетот, јазикот, државата. Тоа се смешни обвинувања од луѓе кои немаат што да понудат.СДСМ е заштитник на македонската култура и јазик – порача Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.
Денес имаме признаен и препознаен македонски јазик во Европската Унија, европското законодавство веќе се преведува на македонски, кога одиме во Брисел, на кабините за превод јасно стои македонски јазик. Сето тоа ние, СДСМ го овозможивме. Одлуките не беа лесни, напротив, потешко нешто во животот немаме направено, но целта беше јасна – заштитен македонски јазик и идентитет. И тоа го остваривме – истакна Ковачевски
Затоа, токму тука од Битола, сакам да најавам дека во селото Љубојно, на 50 километри од тука, веќе започнува реконструкцијата на старото училиште „Димитар Влахов“. Избран е изведувач, почнуваат градежните работи и тој прекрасен објект ќе продолжи да живее како Центар за промоција на македонскиот јазик. Вака, мои другари, со дела се штити македонскиот јазик и македонскиот културен и национален идентитет. – рече Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.