Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите верници кои го чествуваат празникот и до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име ви го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.
Празнувањето на успението на Богородица значи почитување на разбирањето и љубовта кон човекот, кон блиските, но и на толеранцијата, како универзални човекови вредности.
На овој голем ден ја потврдуваме нашата определба за заеднички напредок, за слога, за меѓусебно почитување и разбирање на сите граѓани на Република Македонија.
Само со заедничка почит, со меѓусебно помагање ќе изградиме општество еднакво за сите кое оди напред.
Нека ни е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица“.
Скопје, 28.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА